Жителите на улицата „Сава Михајлов“ без вода поради дефект

Поради дефект на цевка прекинато водоснабдување ќе имаат жителите на улицата „Сава Михајлов“.

„Ве известуваме дека на ден 19.08.2019 гoдинапоради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улица „Сава Михајлов 8“ со прекинато водоснабдување ке бидат корисниците од улицата „Сава Михајлов“ зградите број 6, 8 и 10. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:50 часот до завршување на дефектот“, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација-Скопје".