Жителите на Шутка се сомневаат дека полицијата стои позади киндапирање на децата

Полициски службеници или киднапери на деца се лицата кои вчера добија ќотек во скопската населба Шутка? Ова прашање се отвора по вчерашната информација на МВР дека се претепани тројца полициски службеници, а која крена многу прашина на социјалните мрежи.

Жителите на Шутка велат дека полициските службеници биле со возила без регистарски таблички, не знаеле да говорат македонски јазик и дека во своите возила имале лопатки, копачи и фантоми. Тие се сомневаат дека „наводните полициски службеници“ всушност се киднаперите на дечињата од Шутка за кои неколку денови пишуваат медиумите.

Нивните тврдења и сведочења одат во иста насока. Речиси со идентични ставови во изјавите за Скопје Инфо велат дека не е возможно цивилни лица во цивилни возила се преставуваат како полициски службеници.

„Кола без регистарски таблички, полицајци без легитимации, возила без никакви полициски обележја и во неа само фантомки, лопати и копачи. Не сум сигурен дека тоа се полициски службеници“, вели Бирхан К од Шутка.

Министерството за внатрешни работи во информацијата која вчера ја даде до медиумите потврдува дека лицата се полициски службеници кои во моментот на настанот не биле на работа.

Инцидентот се случил кога малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од Полициската станица Чаир, кои не биле на работа, велат од полицијата.

cheap nike free run 5.0