Жителите на Расадник протестираа против ДУП-от кој предвидува масовна бетонизација

Вчера доцна попладнето се одржа протестот во населбата Расадник, во Кисела Вода. 

Учество зема и неформалната организација „Расадник на можности“, кои своите барања ги доставија до општината.

Со спорниот ДУП се предвидува да „никнат“ голем број станбени згради, а со тоа да се „потроши“ и она малку зеленило кое е останато во овој реон. 

Расадник е една од населбите во Скопје која за брзо време се претвори во комплекс од згради, чиј квалитет на изградба е постојано доведен во прашање, но и покрај тоа, интересот за стан повеќе и понатаму расте. 

На протестот немаше огромен одзив, но пораката која граѓаните ја пренесоа е јасна - тие не сакаат бетонизација на својата населба.