Жителите на Расадник на протест, сакаат паркови, а не бетонизација на населбата

Жителите на скопската населба Расадник најавуваат протест на 30 јуни во 18 часот и барраат нов Детален урбанистички план (ДУП) во кој ќе има паркови, а не бесконечна бетонизација на оваа населба, но и на целата општина Кисела Вода.

На фејсбук веќе се шири објава со која граѓаните се повикуваат на протест.

Почитувани соседи, жители на Кисела Вода, придружете се на протестот за стопирање на ДУП-от со кој се предвидува бесконечна бетонизација на Расадник и Кисела Вода. Бараме нов ДУП кој ќе ги слушне барањата и потребите на граѓаните и ќе овозможи цивилизиран и културен живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки, училишта и се друго што ќе донесе унапредување на животот во Кисела Вода. Бараме распишување конкурс за нов ДУП, а граѓаните да одлучат на референдум кој е најдобар з нив. Дојдете да покажеме дека не може да се донесуваат одлуки за нас и нашите деца без наше учество“, се вели во објавата на фејсбук на ова граѓанско здружение.