Жителите на оваа скопска населба граделе куќи во месноста каде што имало лисици

Селото и населбата Лисиче се крстени според малото место Лисичка каде што почнале да се градат првите куќи на селото Горно Лисиче. 

Но, во 1900 година надојдените води на Маркова Река ги поплавиле нивните куќи, па жителите се повлекле погоре во месноста каде што имало лисици и која била наречена Лисичка. Жителите малку го измениле името на новото место за живеење и ги крстиле Лисиче.

Лисиче почнало да се гради како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Населбата била наменета за скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.

Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км одалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец 

Водно

Крњево

Дебар Маало

Даме Груев