Жителите на Карпош преку веб страна ќе може да пријавуваат проблеми со хигиената, јавното осветлување и за ударните дупки на улиците

Од денеска жителите на општина Карпош ќе може да пријавуваат проблеми за хигиената, јавното осветлување, ударните дупки на улиците и за други комунални услуги, пишува Фокус. 

Тоа ќе може да го сторат преку веб страницата www.prijavi.mk за чие одржување беше потпишан меморандум за соработка меѓу општината и невладината организација НЕКСУС – Граѓански Концепт.

– На поедноставен начин, со еден клик и споделување на фотографија жителите ќе може да пријават проблем, со што ќе заштедат и дел од своето време, а ќе се олесни работата и на општинската администрација, изјави градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.