Жителите на Хром обвинуваат дека новиот ДУП е урбан холокауст за населбата

Не стивнува гневот на жителите на Хром, откако почнаа да никнуваат новите згради од проектот со кој се предвидуваат 100 стамбени објекти. Ова е спротивното од она што го вети градоначалникот Александар Наумовски пред изборите, на чија основа ги доби и гласовите велат граѓаните во анкетата на телевизија Алфа.

-Сведоци сме денеска на еден урбан холокауст , добра приказна – типичен пример за тоа како не треба и типичен пример деурбанизација на просторот, а сите органи кои ние ги плаќаме во општината се платени да прават урбанизација на просторот. Ова е „де факто“ деурбанизација. Сегашната власт првите две години мируваше и ги почитувше гласовите на нивните избирачи. Самата камера ќе ви каже дека зградите,улуците се приклучени кон фекални одводници спротивно на сите правилници и со согласност на Водовод и канализација. Значи се работи за една врзана мафија спрега која што тешко да се спречи во нивната намера. Незнам како луѓето се немоќни. Вака понекогаш ќе дојде некоја новинарска екипа да се пожалат и тука престанува нивниот глас во таа агонија, вели Цане Апостоловски, жител на населба Хром.

- Цената ќе ја плаќаме, не само нашата генерација- туку и нашите деца, затоа што Хром, од една урбано регулирана населба , како што тргнаа со овие планови, најверојатно ќе не направат бетонски аквариум. Децата ќе ги носат по зоолошки да видат што значи трева или обично зеленило. Мојата замисла за Хром била да биде еколошка чиста средина, урбано регулирана со ниски градби, може дефинитивно ќе се гради и се градело, пред нас и после нас, ама тоа да биде нормално во граници на некои урбанистички планови за да ги задоволуваат граѓаните во општините кај што живеат. Тоа беше и целта на децентрализацијата односно поблиска комуникација на градоначалниците односно структурите во општината и советниците со граѓаните. Во ситуацијата со Хром, не е тоа случај, донесени се некакви законски измени за урбанистичкиот план, односно нема никаква комуникација. Барем јас тоа што го пратам и гледам голем дел од граѓаните не биле консултирани за носење на новиот ДУП на Хром, вели Спасе Ѓорѓиевски, жител на Хром.

Дека општината спровела анкета за новиот детален урбанистички план далеку од очите на јавноста тврдеше и граѓанската иницијатива „Против урбанистичкото дивеење“. Според нив, јавната анкета била спроведена тајно од 19 ноември до 2 декември минатата година и за неа, како што велат , нема ниту поднесено анкетни листови а граѓаните секојдневно имаат нова главоболка.