Жителите на Ѓорче Петров: Или ѓорчепетровци или урбаната мафија

На фејсбук-страницата „Ѓорче Петров“, која ја водат всушност жители на општината, објавено е дека на новата седница на Град Скопје повторно ќе се врати спорен детален урбанистички план Градска четврт СЗ 15 (од потегот карши кружниот тек во Порта Влае - позади Убац - до Американ Констракшн и целиот дел позади недоправениот трговски центар).

Ѓорчепетровци се плашат од дивеењето на урбаната мафија и сакаат да се изборат за слободните површини, бидејќи доколку се усвои овој ДУП, со него се предвидени најмалку 15 нови станбени згради, што би значело дека ќе се изгуби голем дел слободна површина и истата ќе биде претворена во бетонски ѕид, но и ќе се создатат услови за вселување на стотици семејства, односно повеќе од илјада луѓе. 

Меѓу другото, доколку овој ДУП не биде повлечен пред воопшто да биде ставен на дневен ред, се најавува и протест со блокирање на улици.