Жителите на Ѓорче Петров даваат предлози и сугестии за креирање на Буџетот на општината за следната година

Стартуваа јавните дискусии по повод креирањето на буџетот на општината за 2019 година. Во изминатите денови, до општината во континуитет пристигнуваат предлози и сугестии од граѓаните, и истите се предмет на сериозно разгледување од страна на службите.

Заедно со Центарот за управување со промени, преку проектот “Мои пари, моја одговорност, партиципативно раководење со буџетот на општините во Република Македонија”, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество Civic Engagement Project-Macedonia“, им овозможуваме на граѓаните активно да учествуваат во поставувањето финансиска рамка за приоритетите за следната година во сите сфери од локалната самоуправа.

До затворање на програмите за работа на секторите и конечната конструкција на буџетот, продолжуваме со ваквиот транспарентен начин на вклучување на граѓаните во програмите за работа на општина Ѓорче Петров.