Жителите на Даме Груев утре излегуваат на протест, велат населбата била избришана од надлежните институции

Утре жителите на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров ќе организираат протест на улицата Лука Геров кај раскрсницата до основното училиште Страшо Пинџур. Причината за организирање на протестот е бришењето на името на населбата од сите институции и документи. 

Во соопштението кое денес беше испратено до медиумите се вели дека станува збор за сложен проблем кој им создава доста проблеми и не ја прикажува вистинската слика за местото на кое тие живеат. 

Тие додаваат дека со овој протест ќе побараат општината Ѓорче Петров да одговори на нивните писмени барања и во координација со другите институции да најде решение на овој проблем. 

Протестот почнува во 11 часот.