
Фејсбук страницата „Населба Црниче, Скопје“ синоќа во објава се пожалија дека кантите за отпад пред градинката и училиштето стоеле цела недела несобрани полни со ѓубре и смет.
„Кантите за ѓубре пред градинката и училиштето се полни со ѓубре и смет! Цела недела стојат преполни и несобрани од Комунална хигиена“, се вели во објавата.

Исто така во објавата се вели: „Ако Комунална хигиена не се грижи за нас граѓаните за тоа што и плаќаме, тогаш барем Општината К. Вода да се грижи за најмладите во населбата, за нивното здравје и хигиена пред установите каде секој ден ги оставаме!“.
Во коментарите под објавата граѓаните се револтирани од Комунална хигиена и од несобраниот отпад со денови.