Жителите на Бутел во сабота ќе протестираат

Граѓаните на општина Бутел денеска преку соопштение до јавноста информираат дека во сабота излегуваат на протест поради неоствареното ветување на нивниот градоначалник Велимир Смилевски.

Иницијативниот одбор „За добро на општина Бутел”

ПРОТЕСТБЛОКАДИПРОТЕСТБЛОКАДИ
Почитувани, дозволете најнапред да се заблагодариме на сите бутелчани без разлика на вера и нација, политичка или било каква друга припадност, кои безрезервно ја поддржавте нашата иницијатива за изградба на ветената поликлиника во Бутел. Ви благодариме и на безбројните пораки со поддршка кои пристигнаа на страната „Го сакам Бутел“. Тоа е мотив плус за нас како млади луѓе кои својата иднина ја планираат и ја градат овде во Бутел. И ова нема да биде еден и единствен протест преку кој ќе го кренеме нашиот глас да се слушнат потребите. Бутел заслужува еднакви услови како и сите други општини на територија на град Скопје.
Почитувани, иако преку нашето предходно соопштение побаравме одговор од градоначалникот на општина Бутел до каде е и кога ќе почне со изградба ветената ПОЛИКЛИНИКА во Бутел за жал не само што не добивме никаков одговор туку добивме само еден игнорантски и понижувачки однос! Имено градоначалникот на општина Бутел измативе денови имаше свое гостување на националниот канал во кое говореше за се само не за најголемите проблеми на Бутел и бутелчани. Не смогна сили ниту да ја спомене ниту да каже нешто за ветенета ПОЛИКЛИНИКА која патем самиот ја ветуваше измативе години.
Поради овој игнорантски однос и непочитување на основните потреби на бутелчани во САБОТА .. со почеток во  часот ги покануваме сите жители на Бутел и околните општини на мирен протест на главната раскрсница на улица Бутелска кај слаткарницата.
Се гледаме , стои во нивниот пост на Фејсбук.