Жители на Скопје и Велес искасани од кучиња скитници

Проблемот со кучиња скитници никако да се реши. Вчера во полиција било пријавено два случаи на каснување од куче

Во 16.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.А.(38) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Истиот ден во 17.25 часот но овој пат во Полициската станица Велес, С.Д.(29) од Велес пријавил дека на улица „Благој Страчковски“ во Велес бил каснат од куче скитник.