Жител на Кадино ја запалил плевната на свој роднина

Скопската полиција во текот на вчерашниот ден добила пријава дека 42-годишен жител на село Кадино со канта бензин ја запалил кантата за ѓубре во дворот од куќата сопственост на негов роднина, со кого биле во нарушени односи.

Како што информираат од МВР, пожарот набрзо ја зафатил плевната, која била делумно опожарена. Огнот бил изгаснат од месното население и екипа на Бригадата за противожарна заштита.

Повредени лица нема, а 42-годишникот бил уапесн, при што кај него бил пронајден гасен пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.