Жител на Драчево го избодел соседот со нож

Жител на Драчево го пробол соседот со нож затоа што го паркирал камионот пред неговата куќа.

Според информациите на МВР, вчера во 13 часот во Полициската станица Драчево, У.И. (54) пријавил дека истиот ден додека го паркирал камионот на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј., излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите.

Според пријавата, У.И. се упатил во неговиот двор, а по кратко време З.Ј. излегол од домот и се упатил кон камионот при што У.И. го видел и сакал да го спреч. Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.