Жичницата кон Водно не работи поради силен ветер

Од ЈСП инфомрираа дека жичницата од вчера не работи поради силниот ветер.

- Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираа вчера надлежните.