Жичарницата од утре со ново работно време

ЈСП Скопје информира дека од утре, сабота (01.04.2023), Жичарницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

-Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичарницата се неработни денови.