Жичарницата кон Водно не работи денеска

Од ЈСП Скопје информираат дека Жичарницата денеска нема да работи, а Абтобусите до Водно ќе сообраќаат по изменет возен ред „25“. 

-Ве информираме дека денеска, четврток (22.09.2022 год), Жичарницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед. Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе вози по редуциран возен ред од вообичаениот.

Возен ред

Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч.

Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.

Од петок (23.09.2022 год), Жичарницата и линијата „25“ ќе продолжат со редовна работа. - информираат од ЈСП Скопје.