Жичарницата и автобусите до Водно продолжуваат со вообичаена работа

Со јавно известување, ЈСП Скопје денеска ги информираше жителите на градот дека од утре жичарницата и трите автобуски линии до Средно Водно ќе продолжат со вообичаена работа.

Преку објавата на нивната официјална фејсбук страница, граѓаните беа информирани дека жичарницата ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, освен во понеделник и секој последен вторник во месецот.

Последното возење кон врвот е во период од 19:00 до 19.30 часот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Покрај ова, граѓаните беа известени дека до Средно Водно сообраќаат три автобуски линии:

  • 25 (Транспортен центар - Средно Водно), сообраќа секој ден освен понеделник

  • 25А (Автомакедонија - Средно Водно), сообраќа само за викенд и држ.празник

  • 25Б (Дом на печат - Средно Водно), сообраќа само за викенд и државни празници

Исто така важно е граѓаните да знаат дека превозот со сите три линии за време на викенд и државни празници е бесплатн за сите категории патници/граѓани.