
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по повод државниот празник Св. Климент Охридски, денеска (8 декември) ќе сообраќа по неделен возен ред.
Дежурна билетарница ќе биде само таа на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.
Жичарницата до Милениумскиот крст, како што се наведува во соопштението, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Од ЈСП Скопје потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичарницата се неработни денови.