Жестоки пукотници вечерва го вознемирија Тетово

Жестоки пукотници од огнено оружје среде центарот на Тетово се слушнаа во строгиот центар на градот околу 21:30 часот. Лица во автомобили во движење пукале едни кон други, а неколку куршуми завршиле и во еден угостителски објект во близина на огнената пресметка. Сведоци тврдат дека во престрелката било употребено и автоматско оружје, веројатно калашников. 

Ваква информација пренесе и фејсбук страната Мисија која тврди дека на сред центарот на Тетово се случија пресметка со Калашникови и побара одговор од Министерот Оливер Спасовски. 

Првичните, неофицијални, информации се дека конфликтот започнал во едно од казината во центарот. Во моментов, полициски службеници се во објектот во потрага по повеќе детали. Од СВР Тетово го потврдија инцидентот, наведувајќи само дека имало пукотници. Локалните медиуми известуваат и за еден ранет во пукотниците, но ни оваа информација не е потврдена. Екипи на СВР Тетово вршат истрага на лице место.