Жештини ја зафатија Македонија - надлежните со препораки како да се заштитите

Избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци, се само дел од препораките на Министерство за здравство. 

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

– Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови, наведува Министерството.