Женска тепачка за Велигден: Две жени се пресметале во двор во Ѓорче

Две скопјани се степале на вториот ден од Велигден. 

Во СВР Скопје било пријавено дека на 21.04.2025 околу 13.30 часот во двор од семејна куќа на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(31) и У.Н.(40), двете од Скопје, стои во полицискиот билтен. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.