Жено, со ваков маж никогаш нема да бидеш среќна

Ова се јасни сигнали дека е време засекогаш да му го свртиш грбот!

Многу жени се заслепени од чувствата, па често не забележуваат дека животот го поминуваат покрај отровни партнери, кои ги поттиснуваат нивните амбиции и не им дозволуваат да живеат слободно. 

Некои мажи се толку вешти, што речиси е невозможно да забележите дека се наоѓате во канџи на манипулатори. Тие знаат вешто да ги држат жените во рака и да ги убедуваат дека нема подобар избор од нив. Психолозите и експертите за врски откриваат три јасни знаци дека го делите животот со отровна личност и дека вашата врска е осудена на пропаст. 

Ако сте забележале некои од овие знаци, време е засекогаш да му кажете збогум!

Не сте сигурни дека вашата врска е здрава

Кога ќе се појави црвот на сомнежот, тоа е знак за узбуна. Доколку не сте целосно сигурни дека покрај тој човек се чувствувате среќно и сакано, тоа значи дека тој не е за вас. Доколку немате слични погледи на светот и тоа е знак дека нешто не „штима“. Не е дека треба да ги сакате буквално истите работи, но да споделувате слични погледи и вредности. 

Чувствувате анксиозност и потреба да се докажувате кога сте со него

Ако не се чувствувате добро во негова близина или често сте мета на негови критики, сосема е јасно дека тој не е вистинскиот. Вистинскиот маж е тука за да биде поддршка и ветер во грб кога работите не ви одат најдобро, а не некој што цело време ги потенцира вашите мани.

Кога сте со него се чувствувате како да не сте свои

Овој тип на „љубов“ по правило започнува многу брзо и за неколку денови чувствувате дека сте толку врзани за партнерот, што мислите дека не можете да направите ништо без него. Тој станува центар на вашиот свет, а само вие вложувате нешто во таа врска. Ако и на момент почувствувате дека се губите себеси во врската, послушајте го инстинктот и прекинете ја таа врска. 

Вашата желба да го задржите саканиот е природна и разбирлива, но по која цена? Размислете уште еднаш дали вреди да се откажете од себе!