Жено не сакам пица сакам нешто на лажица

Каква е оваа тава ориз, сутлијаш ли правеше, леле па стеков дебел препечен, кажи ако не знаеш да правиш јадење дај ќе нарачуваме пица секој ден...што е ова еден ден грашак со запршка нареден пат гола вода...да, да така е мажу мој...

За жените секогаш се делат секавки мислење како треба да изгледа, кои очекувања треба да си ги исполни. А ти со текот на времето ќе научиш да правиш се буквално со една рака. Кому е потребна другата рака?

Наоколу ќе слушаш секакви „епитети“. Леле срамота јадеш без усул,како мекица си, дебело....Се најде некој и нејзе да ја земе...Се разведе, за греота. Кој ќе ја земе сега со дете? Каква домаќинка си не знаеш ништо да направиш за јадење. Не се грижи за детето, си гледа само за себе.

Ех драги мои таквите жени знаат да се тушираат за 48 секунди и попатно да ја измијат и кадата. Да направат она што некогаш си рекла дека нема никогаш да го направат. Знаат дека разликата помеѓу дете и маж е мал. Знаат дека не е се и сешто за срам. Знаат да влезат во бутик и да не си купат ништо.

И така муабетите наоколу ќе ви ја ограничуваат слободата, наместо да бидете она што сте – ЖЕНА.

Затоа ЖЕНИ пејте кога ви се пее, смејте се гласно кога нешто ви е смешно, опцујте кога ви е преку глава!