Жено кивам, брзо давај парацетамол и витамин Ц

Дома кај нас за едно кивање се пие парацетамол и витамин Ц. Од сопругот нема место и време да се пожалам, дека нешто ме боли. Со температура, затнат нос, станува подготвувам доручек, средувам низ дома без да ОФнам или да побарам од Боже помош, прашувам кој што сака да руча, пазарам и го спремам јадењето.

Немам време да легнам и да се одморам и жалам, како мене ми е лошо готво е со мене...А, мојот прекрасен маж абе само да почне да кива веднаш крева паника...Леле ми се слоши, не ми е добро, брзо давај апчиња, прави чај, супа ќе си легнам не ме буди да одморам....Леле Боже само да не настинам..Жените болестите може да ги поминат стоечки на нозе, но мажите се оние кои од обична настинка креваат паника.

Сите имаат настинки, ама никој како оваа неговата која го покосила, цела фамилија од браќа и сестри за рок од 5 минути знае дека е  болен и многу му е тешко....Што да се прави кога жените во оваа ситуација се оние кои губат..... Мажите се најдобрите актери, но запомнете жените ни една обична настинка нема да ја покоси нејзината самоувереност и сила.