Жените во овој хороскопски знак маѓепсуваат со својот интелект

Лојална, снаодлива, дискретно духовита, грижлива, практична, скромна, срамежлива, прецизна – ова се карактеристики на жената родена во овој хороскопски знак.

Нејзината животна мисија е да биде херој и да ги маѓепсува луѓето со своето знаење и интелект.

Таа е Девица!

Со Девицата владее планетата Земја и поради тоа е практична и своите мисли ги заснова на реалноста, а не на фантазијата. Низ животот чекори со нозете цврсто на земјата, одејќи грациозно и нежно низ својата реалност.

Обрнува многу внимание на деталите и ова е „жена-динамит“ која секогаш мисли на сѐ и на која секогаш можете да се потпрете. На работите им пристапува систематски и сака планирани рутини. Слободното време најрадо го минува во долги прошетки во природата или работејќи во својата градина. Нејзина голема доблест е тоа што секогаш и секаде доаѓа на време. Може понекогаш да изгледа дека е ладна и отсутна, но таа всушност е многу срамежлива и неодлучна.

Љубов

Девицата секогаш е потполно лојална во врската. Попрво би била сама отколку со погрешна личност. Таа не го бара само вистинскиот маж, таа бара совршен маж. Тоа не значи дека бара совршен човек (затоа што сите знаеме дека не постои таков човек), туку некој со кого совршено ќе се сложува. Деталите ѝ се многу важни и во љубовта и од партнерот очекува „зачини“ од типот на цвеќиња, миризливи свежи и романтика.

Скромна и конзервативна во многу полиња од животот, Девицата сака партнерот да ја преземе иницијативата. Таа е многу строга кон себе и затоа ѝ е важно и одобрувањето од партнерот. Најдобро се сложува со: Близнаци, Бик, Јарец, Рак и Скорпија.

Пријателство

Девицата е секогаш присутна на сите важни настани и случувања во животот на своите пријатели. Никогаш не го заборава роденденот на луѓето кои ѝ се важни. Нејзината критичка природа и практичен карактер ја прават пријателка која секогаш знае да даде одличен совет, но тоа го прави само кога ќе ѝ побараат совет, таа никогаш не дава совети без некој да ја праша, затоа што мрази да се меша во туѓиот живот.

Ако некој сака да ѝ се заблагодари за помошта, би требало да го направи тоа на дискретен налин, затоа што Девиците се скептични кон големи гестови и гласно искажување на чувства. Повеќе го ценат едноставното и тивко изразување на благодарност.

Изглед

Младешкото овално лице, остриот поглед кој анализира, подолгиот нос, големата и широка насмевка, нежната брада, витката линија и малите стопала се физичките карактеристики на Девицата. Косата најчесто им е кафена, а очите сиви или со боја на лешник.

Стил

Префинетоста и безвременската облека се закони кои Девицата никогаш не ги прекршува. Од дома никогаш не излегува од дезодоранс. Дискретната Девица никогаш и не открива колку и како се грижи за себе, затоа што не сака сите да го знаат тој податок.

Обожава сива, темно жолта и морнарско сина боја. Нејзината гардероба е полна со практични и софистицирани парчиња. Не сака ништо екстремно, кај неа сѐ е едноставно, практично, суптилно и прилагодливо. Накитот мора да го надополнува целосниот изглед и да го подигне.

Сколоноста кон совршеност најдобро се огледува за време на шопингот.

Таа внимателно проверува дали сѐ е во ред со парчето кое го пробува, а ништо не може да избега од нејзиното будно и остро око.

Кога купува храна лесно можете да ја затекнете во одделот за здрава храна, затоа што Девицата внимава на исхраната и на својата линија.

И не е ни чудно што многумина ја сметаат Девицата за чуварка на квалитетот.