Жените одговараат: Колку долго треба да издржат мажите за време на сексот?

Порталот за спојување на парови “Saucy Dates” анкетирал 3.836 жени и мажи од пет земји (САД, Канада, Велика Британија и Индија) колку просечно би требало да трае една партија секс.

Резултатите се следни: жените во просек би поминале 25 минути и 51 секунда во “акција” за потполно да се задоволат. Кај мажите, идеалното време е малку поинакво – тие сакаат сексот да трае 25 минути и 43 секунди, само 8 секунди помалку од жените. 

Многу повеќе од идеалните вредности

Но, посакуваното време значително се разликува од реалноста, кога станува збор за просечната сексуална издржливост.

Според истражувањето на споменатиот портал, најиздржливи во креветот се мажите на возраст од 31 година. Во САД, просечниот секс трае 17 минути и 5 секунди. Потоа следат Канаѓаните со 17 минути, Британците со 16 минути и 58 секунди и Австралијанците со 16 минути и 34 секунди.

Испитувањето исто така покажало дека реалната сексуална издржливост кај мажите зависи од годините. Според тоа, мажите на возраст од 28 до 33 години се најиздржливи, а во раните 20-ти и по 33-тата година, сексуалната издржливост е значително помала. Ова истражување не опфатило податоци за жените.