Жените не можат да чуваат тајна повеќе од 30 минути

Знаете ли да чувате тајна?

Ако вашиот одговор е да, тогаш или лажете или пак сте меѓу оние ретки луѓе кои можат да чуваат тајна.

Според едно од најновите истражувања, просечното време за кое жените можат да чуваат тајна изнесува 32 минути. Да, половина час.

Овој просек е добиен како резултат од истражувањето во кое биле вклучени околу 3000 жени. Дури 85 % од испитаничките признале дека не можат да чуваат тајна, без оглед на тоа колку е важна, а дури 50% од нив истакнале дека чувствуваат олеснување кога ќе споделат туѓа тајна, а тоа вообичаено е некоја личност од нивното окружување.

Дури 40% од жените сметаат дека сосема е во ред да се открие тајната пред некоја личност која не ги познава оние кои ја споделиле тајната, додека 13 % од нив посочиле дека сакаат да шират трачеви.

Една мала утеха за крај – 25 % од вклучените испитанички признале дека чувствувале грижа на совест кога откриле нечија тајна пред друга личност.