Жените- најголеми жртви на семејно насилство

Жените во Македонија и понатаму се цел на семејно насилство.

Последните податоци говорат дека од 174 пријавени случаи на насилство во полиција, 159 биле извршени од страна на мажи врз жени, најмногу со употреба на физичка сила. Бројот на жени жртви на семејно насилство е многу поголем, но тие се плашат да го пријават.

Најчесто жртви на семејно насилство се необразованите помлади жени од руралните средини. Најважни фактори кои ја зголемуваат веројатноста за да се случи насилство врз жените е нивната возраст, образовниот статус, бројот на децата кои живеат во домаќинството, местото на живеење, економската зависност на жените од мажите, што во исто време претставува и последица, но и фактор за поголема опасност да се појави насилство.

Освен физичко, се забележува и сексуално насилство. Најголемиот дел од децата кои биле негови жртви се девојчиња и тоа во 78% од случаите. 98% од сторителите на насилство се мажи. Многу често се случува да имаме жртви коишто трпеле насилство 20 или 30 години. Тие трпеле многу брутално насилство меѓутоа не му се обратиле никому поради тоа што жртвите на семејно насилство, покрај тоа што се жртви, чувствуват и интензивен срам и вина иако се жртви, што е апсурдно.