Жените изневеруваат попаметно: Ова се знаците дека таа има некој друг

Постои верување дека мажите изневеруваат почесто од жените, но ова е далеку од вистината. Жените изневеруваат подеднакво често, само многу попаметно. Сепак, неверството е тешко да се скрие, а ова се знаците дека таа го прави тоа.

Делува заљубено

За разлика од мажите, жените за време на изневерувањето често се заљубуваат, а тоа се забележува на нив. Доколку жената одеднаш се трансформира и делува полетно и посреќно од порано, можеби за тоа е заслужен некој друг.

Се дотерува почесто до вообичаено

Многу почесто од порано, подобро од порано, поинтензивно од порано. Жената која одеднаш станува многу грижлива за нејзиниот изглед и внимава на впечатокот кој го остава, веројатно се обидува да остави впечаток врз некој нов.

Незаинтересирана е

За галење, разговор, секс… работите кои жените вообичаено обожуваат да ги прават со својот партнер, паѓаат во втор план доколку имаат на ум некој друг.

Го крие мобилниот

Паметната жена ги брише сите докази за некој друг, но тоа не значи дека ќе биде опуштена. Доколку жената панично потскокнува кога ќе и стигне порака или ретко се оддвојува од мобилниот, иако претходно не го правела тоа, веројатно постои добра причина.