Жени од Градско и Росоман тепани и малтретирани од невенчаните сопрузи

Жени од велешко вчера биле жртви на насилство од страна на нивните невенчани сопрузи.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишијле од слобода И.А.(27) од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 22-годишна вонбрачна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, вчера во 16:15  часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.А.(36) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава од неговата 35-годишна сопруга, дека подолг период психички ја малтретирал и ѝ се заканувал, а последен пат тоа го сторил на 28.07.2026. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.