Жената Водолија и сите нејзини добри карактеристики

Жената Водолија е необична личност. Таа има многу маани и предности. 

Нејзини планети се Уран и Сатурн. Уран ја прави ексцентрична, а Сатурн студена и недопирлива. Во каква врска и да сте со неа (пријателска, љубовна или професионална), таа нема да ве остави рамнодушни. 

Ако познавате некоја личност родена во овој знак, знаете дека таа е со широки сфаќања, а за неа нема ништо чудно или неприфатливо. Понекогаш знае да биде непредвлива и чудна. Оваа жена се истакнува во својата околина со карактерот, ставовите, мислењата и можете веднаш да кажете дека е различна од сите други. Повеќето луѓе сакаат да се вклопат во општеството и да бидат исти како другите, но жената родена во овој знак сака да биде различна. Таа има свој филм во глава, кој самата го режира. Воопшто не и пречи ако не може да се вклопи некаде.

Таа ја кажува вистината што и да се случи. Често знае да биде нетактична во однос на тоа прашање, но едноставно таква е. Не ја интересира премногу што мислат другите за неа, ниту пак самата дозволува да биде дел од озборувања  и трачеви. 

Оваа жена е непредлива, возбудлива, необична, а понекогаш и ексцентрична. Од друга страна, многу ги цени луѓето кои се различни и автентични. Често ќе ја најдете со главата во облаците и ќе се прашувате каде е. Тоа и прилега, да лебди. Сепак, таа е воздушен знак.

Иако на прв поглед делува незаинтересирано и дека живее во свој свет, таа ги сака луѓето и е голем хуманист. Со други зборови, сè што прави, таа го прави со своето срце. Некои од најголемите хуманитарци се родени во овој знак. Таа е и добар слушател и нуди добро рамо за плачење за оние на кои им е потребно тоа. Таа не дава совети кои не се побарани, но ако веќе побарате совет, тој ќе биде сурово искрен.

Водолиите не зборуваат претерано за своите мисли и емоции. Затоа, на некои луѓе им е тешко да се поврзат со нив. Имаат многу познаници, но малку вистински пријатели на кои целосно им веруваат. 

Во љубовта, таа не е претерано романтична и сака на возбудлив и непредвидлив начин. Со неа, никогаш не е досадно. Таа бара почитување, но и слобода, авантури и возбудувања. Не е склона кон неверства, но мрази едноличност и досада. 

За неа, не е ниту еднолична и досадна работа. Седењето во канцеларија по цел ден, едноставно не е за неа. Таа сака да учи и го прави тоа на свој начин. Има креативни идеи и цели, и не и пречи да погреши, додека не го направи тоа правилно. Тврдоглаво оди кон успехот.