Жената родена во знакот Близнаци: Непредвидлива кралица која ги разбира луѓето

Според астрологијата, Близнаците се луѓето родени меѓу 21 мај и 20 јуни.

Тие се управувани од Меркур, која е планета на комуникацијата. Комуникативните Близнаци често се познати како личности со двојна природа кои се карактеризираат со силен интелект, љубопитност и кои се секогаш тука да им помогнат на другите. Освен тоа, тие се многу адаптибилни и лесно се поврзуваат со луѓето околу нив.

Жената родена во овој знак е динамична и често знае да има неконзистентен карактер. Некогаш е дистанцирана и нерасположена, а потоа нежна и грижлива. Некогаш знае да биде непредвидлива и да делува како да не можете да и верувате, но тоа е поради фактот што во моментот е фокусирана на милион нешта.

Оваа жена сака да озборува, да споделува информации, но и да дава совети. Освен тоа, таа сака и длабоки интелектуални разговори и е одлична во комуникацијата со другите луѓе. Таа се труди да ги разбере другите, да научи за нив и лесно се поврзува бидејќи поставува важни прашања. Така покажува дека се грижи за луѓето околу неа, без оглед на тоа дали тоа е некој кој таа го познава долго или личност која штотуку ја запознала.

Една од нејзините лоши страни е нејзината двојна природа, односно тоа што остава впечаток дека е дволична. Често знае да биде неконзистентна со своите одлуки и да зборува едно, а да прави друго. Лесно и се здосадува во пријателствата и во врските и сака постојано да се случува нешто ново и возбудливо. 

Сака да патува, да осознава нови нешта и луѓе и да се дружи. Таа има многу различни пријатели и повеќе различни друштва, но не и секогаш лесно да се отвори и да зборува за своите чувства. Со своите чувства се справува преку еден вид на циничен хумор и техника на избегнување додека не добие впечаток како да се прелеала чашата. Потоа, можете да ја видите нејзината драматична природа и да не разберете сосема што е тоа што се случило што ја довело дотаму.

Таа е нежна и знае да сака силно а со својот карактер лесно ги освојува луѓето околу себе. Во љубовта, сака да флертува и да биде освоена од некој со силен интелект кој знае да комуницира, кој е љубезен и отворен. Не сака студени и затворени личности бидејќи сака директен и отворен пристап и комуникација. Кога е во врска, сака слобода и доверба.

Но, самата таа не е секогаш лојална бидејќи лесно може да и стане здодевно. Таа функционира одлично и во љубовни авантури кои се кратки но страствени, но и во долги врски кои се со интензитетот кој таа го посакува. Да се биде со неа е лесно и возбудливо и никогаш не е здодевно. Потребен и е само некој кој има слични интереси со неа и кој постојано сака да испробува нови нешта.

Ако сакате да ја освоите, бидете трпеливи со неа. Изградете доверба и научете дека понекогаш ќе го менува своето мислење во секунда и вие не можете да направите многу за тоа. Таа е камелеон кој лесно се приспобува на луѓето, но и која директно ќе ви каже ако некаде сте згрешиле.

За да ја разберете, најдобро е да сфатите дека таа не е како другите жени во хороскопот. Не можете да ја врзете за себе, да ја убедите во нешто што не сака да го прави или да ја натерате да слуша додека само вие зборувате. Имајте предвид дека таа ја сака слободата и дека тоа е нешто свето за неа, сè додека е жива.