Жената родена во овој знак никогаш не старее

За неа никогаш не е доволна љубовта, дури и во старите години, таа сака се до смртта. Изгледа како таа никогаш да не старее.

Станува збор за жената родена во знакот Близнаци.

Таа важи за забавна, друштвена, магична и провокативна личност. Изгледа многу младолико и особено е харизматична. Покрај неа, секој се чувствува младо. Оваа жена е многу непредвидлива и својата друштвена и љубезна маска може брзо да ја замени со дистанцираност и ароганција.

Никогаш не се уморува од животот и постојано сака да среќава нови луѓе. Не е претерано заинтересирана за долги љубовни врски. Се заљубува често, а од својот партнер бара умствена компатибилност и не дозволува физичка поврзаност со некој кој не е способен за интелектуални предизвици.

Постојано е во движење. Концерти, премиери, таа ништо не пропушта. Со неа, секој ден е како нов живот. Таа е жена која не сака досада и монотонија и им дава вистинска смисла на сите работи.

Често го користи својот женски шарм како оружје за да го добие тоа што сака. Полна е со изненадувања, но сака и да биде изненадувана.