Жената Овен – родена за да биде на тронот

Каква личност е жената родена во знакот Овен?

Страствена, бунтовна, самоуверена, ентузијастична, одважна, забавна, но и тврдоглава. Бестрашна и со вродено лидерство во себе, родена за да биде на тронот. Оваа жена ги освојува сите околу неа со својата харизма и динамичност.

Жената родена во овој знак секогаш се радува на нови предизвици, па со душа и насмевка го дочекува секој ден, чекајќи што ќе и донесе тој. Сепак, поради својата нетрпеливост таа е склона кон нови предизвици постојано, и тоа многу повеќе од било кој друг знак.

Таа е непоколеблив оптимист и често се бори за правата на другите, но и генерално за подобра иднина. Знае да биде многу загреана за нешто и голема авантуристка е која постојано гледа напред, а многу ретко кон минатото. Како и сите, имаа одредени маани, а тоа кај неа е егоцентричноста, тврдоглавоста и љубомората.

Во љубовта, сака да преземе иницијатива и да ја заведе другата страна, а често сака и препирања бидејќи ги смета за одредена предигра. Мажите често се магнет за неа, бидејќи ја доживуваат како интригантна и интензивна, а самото нејзино освојување е голем предизвик.

Кога е заљубена е пресреќна и сите нешта во нејзиниот живот тогаш стануваат екстремни. Во врската не сака да се чувствува поседувана, но повремените искажувања на љубомора и посесивност и ласкаат бидејќи тоа за неа е знак дека партнерот е свесен колку таа вреди.

Романтиката и е мнигу важна, а исто така и вниманието од партнерот. Меѓу ретките жени е која успева да ги одвои љубовта и сексот.

Пријателствата со жената Овен често се интензивни и таа создава пријатели за цел живот. Склона е кон тоа да има широк круг на пријатели бидејќи постојано ги менува интересите и нејзиното темпо не може да биде следено од секого. Секое друштво кое има жена Овен во него има загарантирана возбуда и забава.