Жената која ја сака љубовта...

Ѝ рекоа дека од љубов не се живее.
Ѝ рекоа да престане да мечтае.
Ѝ рекоа да се спушти на земја. 

Но, таа знаеше.
Знаеше дека само од љубов се живее. Дека мечтаењето не смее да се напушти. И дека Земјата не е нејзино место. 

Затоа што таа знаеше дека љубовта е извор. 

Како изворот на реката кој ја пушта водата да тече, така и таа ја пушташе својата љубов.
Како изворот на реката која на Земјата ѝ дава вода за живот, така и за неа љубовта беше давање.

Затоа што таа знаеше дека љубовта е извор.
И дека само со пуштањето од изворот се дава.
На Земјата – живот. 

Таа.
Жената која ја сака љубовта.

~ Марина Келин