Жената Јарец – доминантна жена која вешто ги крие своите емоции

Жената Јарец привлекува послаби мажи. Не е лесно да ја сфатите, бидејќи таа често го менува своето однесување и расположение. Таа е тип на жена која се плаши да се заљуби во погрешна личност. Но, кога ќе го најде вистинскиот, таа е полна со силни и искрени емоции.

Дали знаете пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро и доброволно ќе клекнете, кога ќе сфатите за каква жена станува збор. Она што секој просечен маж би го исплашило, таа ќе го изнесе достоинствено и ненаметливо, за што секој маж би се запрашал дали воопшто е достоен да биде со неа. Ако се случи љубов, бидете сигурни дека ќе има силен оган кој ќе биде одржуван од нејзината одговорност, должност и посветеност. Со неа секој ден станувате подобри и подобри, додека еден ден не сфатите дека од крастава жаба сте прераснале во принц, благодарение на оваа жена.

Сѐ што жената Јарец бара од другите е тие да покажат карактер и истрајност, а таа многу доброволно ќе им даде пример како да го направат тоа. Многу строга личност е, но и праведна. Нејзините деца еден ден силно ќе владеат со себе и со светот околу себе.

Жената Јарец е подготвена да направи сѐ  што е во нејзина моќ за оние кои го сака, но мажот кој го има избрано мора да ги исполнува нејзините потреби. Таа знае да се грижи за себеси и да биде самостојна – има свој стил на облекување, чиста е и педантна, и помалку формална.

Иако се плаши од заљубување, тоа не ја спречува често да се заљубува. Нејзината надворешност прикрива длабоки чувства и емоции кои таа ги чува за луѓето кои ги смета за посебни. Доколку не ви обрнува внимание, тоа значи дека ништо не и значите, бидејќи токму така таа ги дели луѓето во својот живот. Не губи време на луѓе кои не ја привлекуваат, кои немаат харизма и кои и делуваат безлично. 

Жените родени во овој знак иако имаат проблеми да ги покажат своите вистински емоции, спаѓаат во оние емотивни личности и често паѓаат во длабоки и темни нерасположенија поради нивните чувства. Жената Јарец мрази неискреност од дното на душата, а ако почувствува дека е излажана, не губи време, туку веднаш ги прекинува нештата.

Таа секогаш цврсто стои со двете нозе на земја. Кога бира партнер, не верува во бајки, туку и е потребна емоционална и финансиска стабилност. Често, дури и да наиде на принцот на бел коњ постојано ќе го става на тест, не верувајќи дека тој е вистински. 

На многу луѓе им е тешка нејзината резервираност и студен поглед. Но, понекогаш само со еден допир или движење можете да ја симнете нејзината маска.