Жената е најубава кога е заљубена!

Зара Леандер, шведска глумица и пејачка од почетокот на 19 век, рекла дека една жена е убава дури откако ќе се заљуби. 

Нема ништо поубаво на светот од тоа човек да биде сакан и да сака. Срцето ви чука забрзано, имате енергија и се чувствувате прекрасно како никогаш порано. На крајот на краиштата, тоа не е само чувство, тоа е и навистина така. Жените се најатрактивни кога се заљубени. Таа радијација, таа специфична хемија која се случува помеѓу мажите и жените е и научно докажана.

Многу пати досега е докажано дека љубовта не прави поубави. Кога ќе ве погоди Аморовата стрела, вашето тело почнува да произведува екстра естроген и делува како третман за подмладување. Кожата е позатегната, косата добива повеќе сјај, а вашата аура се менува од корен. Едноставно привлекувате внимание со вашата свежина и виталност. 

За убава насмевка дополнително се потребни и бакнежи кои си ги разменуваат заљубените парови. Тие влијаат на зголемено лачење на плунка и на тој начин ги одржуваат непцата и забите. Сите 30 мускули кои се раздвижуваат со бакнувањето влијаат на намалено појавување на брчки и помагаат за губење килограми. Со триминутно бакнување губиме 12 калории.