Жена заврши во болница, откако паднала во автобус на ЈСП

Во текот на вчерашниот ден 45-годишна жена паднала во автобус на ЈСП, по што завршила во болница.

- На 23.01.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов“, Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.