Жена тешко повредена во сообраќајка во Ѓорче

Сопатничка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера се случила меѓу две возила

-Во 17,55 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Џ.(61) од село Рашче, скопско и патничко моторно возило „Мазда“, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(54) од Скопје, информираат од МВР.

Сопатничката во возилото „Фолксваген голф“ М.Џ., била пренесена во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.