Жена среде ноќ нападната од сестра си во семејниот дом во Карпош

Скопјанка среде ноќ физички ја нападнала сестра си. 

- На 03.11.2025 во 17:07 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.11.2025 околу 00:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзината сестра М.В.(44), информираа од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.