Жена со запалива течност предизвикала пожар во центарот на Скопје

Педесет и едногодишна скопјанка е лишена од слобода поради сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Од МВР информираат дека вчера во 13:05 часот, во подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ш.И. (51) од Скопје.

Според пријавеното, постојат основи на сомнение дека таа со запалива материја предизвикала пожар, при што била опожарена поголема тревна површина со дрва, а огнот зафатил и две бандери.

По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.