
18-годишно момче од Скопје пријавило дека женско лице се обидело да му одземе пари со закана со остар предмет во скопската општина Кисела Вода.
„На 15.10.2026 околу 14:25 часот во СВР Скопје, М.М. (18) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, едно женско лице со закана со остар предмет се обидело да му одземе пари“, информираат од МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.