
Вчера во 15.00 часот во полиција е пријавено дека во угостителски објект на Бит Пазар, женско лице со дете во рака влегло во објектот и питачело. Вработените побарале да го напушти објектот, по што таа со остар предмет им упатувала закани, а откако ѝ бил одземен предметот, го напуштила објектот.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.