Жена скршила рака откако била нападната и бутната од куче

Во 17.30 часот вчера во Полициската станица Аеродром, 52-годишната Л.Е. пријавила дека истиот ден околу 14.20 часот додека шетала на булеварот „АСНОМ“ била нападната и бутната од страна на куче-скитник и при падот се здобила со повреда, скршеница во пределот на десната рака.

Потоа истата побарала лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била константирана тешка телесна повреда.