Жена пронајдена во безсознание во стан во Скопје - набрзо починала

Во 09 часот и 25 минути во Полициската станица Карпош било пријавено дека 41-годишната Ј.М. од Охрид, која како потстанар живее во Скопје на улицата „Миле Поп Јорданов“, веќе два дена не доаѓала на работа.

Истата била пронајдена во станот, во бесознание и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде во 14,30 часот за жал починала.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.