Жена прегазена во Скопје - заврши во болница

Жена прегазена во Скопје се здобила со тешки телесни повреди, информираат од полиција.

Вчера во 17:40 часот на улица „Богомилски Поход“ во Скопје, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.С. од Скопје, удрило во 49-годишниот пешак Р.Т. од Скопје. Р.Т. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото.