Жена прегазена пред Апелацискиот суд во Скопје

Педесет и седум годишната К.П. од Скопје се здобила со повреди откако вчера околу 15:35 часот била удрена од автомобил.

Несреќата се случила на паркингот пред Апелацискиот суд во Скопје кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Г. (33) од Скопје, удрило во пешакот К.П..

К.П. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде и била укажана лекарска помош.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.