
Жена пешак прегазена на улица во Кочани.
- На 05.05.2025 во 09.11 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на ул.„Глигор Апостолов-Гочо“ во Кочани, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Х.(56), удрило во пешакот Т.М.(46), двајцата од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.М., констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.